Научете повеќе посетете го Изложбениот центар за електрична енергија – „Матка“
23.04.2024 – Сместен во автентичниот и оригинален простор на старата Хидроцентрала Матка, Изложбениот центар „Матка“ ја раскажува историјата на електричната енергија во Македонија, како и промените што настанале со процесот на електрификацијата. Истовремено, преку иновативен мултимедијален пристап, експонатите во Изложбениот центар „Матка“ нудат уникатна можност за едукација и интеракција.
Покрај експонатите со историска содржина, во Изложбениот центар „Матка“ поставени се и експонати за различните типови на производство на електрична енергија, приказ на ресурси, а интерактивните плазма панели и плазма топката, како и Ван де Графт Генераторот нудат допир со електицитетот.
Закажете посета на www.matka.com.mk /Facebook: Матка – Изложбен центар / Matka – Exhibition Center /Instagram: matka.exhibition.center
Влезот во Изложбениот центар Матка е бесплатен