Вести

Научете повеќе посетете го Изложбениот центар за електрична енергија – „Матка“

23.04.2024 – Сместен во автентичниот и оригинален простор на старата Хидроцентрала Матка, Изложбениот центар  „Матка“ ја раскажува историјата на електричната енергија во Македонија, како и промените што настанале со процесот на електрификацијата. Истовремено, преку иновативен мултимедијален пристап, експонатите во Изложбениот центар „Матка“ нудат уникатна можност за едукација и интеракција.

Повеќе…

Одбележување на денот на Тесла

На 10 јули го одбележавме роденденот на големиот Никола Тесла на начин кој веруваме дека и тој би го одобрил – со учење и креирање. Нè посетија вкупно 220 гости, од нив 135 деца кои учествуваа во креативните работилници.

Повеќе…

Ден на Тесла

Ве известуваме дека капацитетот за посетители и учесници на одбележувањето на „Денот на Тесла“ е пополнет.

Повеќе…

Соопштение – Матка е добитник на наградата „Музеј на годината“

Скопје, 18.05.2018 – Изложбениот центар Матка е добитник на наградата „Музеј на годината“ која ја доделува ICOM (International Council of Museums) – Македонија. Наградата се доделува по повод 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите за особени достигнувања во музејската дејност за 2017 година.

Повеќе…

Награда за општествена одговорност

Изложбениот центар за електрична енергија – Матка е добитник на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија за 2017 година, која ја доделуваат Координативното тело за  општествена одговорност и Министерството за економија на Република Македонија.

Повеќе…

Отварање на центарот

На 10 мај 2017 година, во присуство на претставници на македонските образовни институции, вратите за широката јавност официјално ги отвори г. Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Повеќе…

За центарот

Изложбениот центар Матка е едиствен едукативен центар во Македонија што се бави со енергетски теми. Во него посетителите преку современи интерактивни методи може да научат повеќе за енергијата, нејзината историја, производство, пренос и користење.

Повеќе…

Настан на месецот

Со особена чест и радост се приклучивме во одбележувањето на светски познатата хуманитарна иницијатива “Pay it forward” (Продолжи понатаму).
На 28.04 – Сабота во Градскиот парк (Скопје) на „Школка“ со сите кои правеа и сакаат да прават добри дела, без да добијат нешто за возврат 😉

Повеќе…