Одбележување на денот на Тесла

На 10 јули го одбележавме роденденот на големиот Никола Тесла на начин кој веруваме дека и тој би го одобрил – со учење и креирање. Нè посетија вкупно 220 гости, од нив 135 деца кои учествуваа во креативните работилници.

Театарот за деца и младинци нè воодушеви со изведба на нивната “Гига мега бајка“, нацртавме 68 цртежи на тема електрицитет, напишавме 25 приказни, правевме експерименти и макети од Лего коцки. Не ги заборавивме ни возрасните – тие имаа можност да научат нешто повеќе за Никола Тесла за време на предавањето и документарниот филм за неговите научни достигнувања.

Поминавме еден навистина возбудлив и забавен ден. И не заборавајте дека оние кои го пропуштија овој настан, може да закажат редовна посета и да научат нешто повеќе за големиот научник преку експонатите во изложбениот центар.