Отварање на центарот
На 10 мај 2017 година, во присуство на претставници на македонските образовни институции, вратите за широката јавност официјално ги отвори г. Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.
„Електричната енергија е вистински феномен и еден од најзначајните пронајдоци на човештвото. Тргнувајќи оттаму, кај нас се роди идеја да создадеме место каде што посетителите, а особено идните поколенија ќе можат да се едуцираат и да ги надополнуваат своите знаења. Токму затоа, како општествено одговорна компанија, Изложбениот центар Матка им го ставаме на располагање на сите образовни институции во Македонија без надомест и се надеваме дека содржините што ги има тука ќе бидат дел од образовната програма. Наша цел е Изложбениот центар Матка да биде место што ќе ги охрабри и ќе ги поттикне младите да сонуваат за иновации и прогрес.“ изјави г-дин Петер на настанот.