Енергетска ефикасност

За да се произведе електрична енергија, се трошат многу природни ресурси, па затоа од исклучително значење е рационалното користење на електричната енергија или енергетската ефикасност.

Концептот на енергетската ефикасност подразбира со промена на навиките и однесувањата, да се намали користењето на електричната енергија во модерниот начин на живеење. Дополнително, овој концепт опфаќа воведување нови технологии и низа мерки во домувањето и во бизнис-секторот во насока на постигнување енергетска ефикасност.

Енергетската ефикасност денес е стратешка определба и е основа за иден економски развој во сите земји.

ЕВН Македонија како општествено одговорна компанија спроведува низа активности за различни целни публики во насока на поголема енергетска ефикасност. Активностите се насочени кон различни целни публики, особено во рамките на Платформата за енергетска ефикасност. Едукативната кампања „Енергетска математика“, чија цел е поголема енергетска ефикасност во домовите и во компаниите, ја доби интернационалната награда „Golder Award“ од Интернационалната организација за односи со јавност ИПРА. Оваа прва награда од ваков вид во Македонија е доделена за постигнати исклучителни резултати во насока на популаризација на енергетската ефикасност и конкретни ефекти кај различни целни публики.

Во Изложбениот центар „Матка“ енергетската ефикасност е составен дел од повеќето експонати. Ако сакате да научите повеќе за енергетската ефикасност, посетете го Изложбениот центар „Матка“.