ИЗЛОЖБЕН ЦЕНТАР МАТКА

Електричната енергија за нас е достапна на еден "клик", но нејзината еволуција е долга, генијална, посебна. Токму затоа го создадовме.

Локација: ХЕЦ Матка,

Кањон Матка, Општина Сарај, Скопје

Поставени повеќе експонати кои ја објаснуваат историјата на електричната енергија

ИСТОРИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА

ВЕСТИ

Одбележување на денот на Тесла

На 10 јули го одбележавме роденденот на големиот Никола Тесла на начин кој веруваме дека и тој би го одобрил – со учење и креирање. Нè посетија вкупно 220 гости, од нив 135 деца кои учествуваа во креативните работилници. Театарот за деца и младинци нè воодушеви со изведба на нивнат...

Ден на Тесла

Ве известуваме дека капацитетот за посетители и учесници на одбележувањето на „Денот на Тесла“ е пополнет. Ви благодариме на сите за покажаниот интерес! За сите кои се пријавија – едвај чекаме да се дружиме во вторник, а оние кои не успеаја – ве чекаме секој ден, освен понеделник, ...

Соопштение - Матка е добитник на наградата „Музеј на годината“

Скопје, 18.05.2018 – Изложбениот центар Матка е добитник на наградата „Музеј на годината“ која ја доделува ICOM (International Council of Museums) – Македонија. Наградата се доделува ...

Закажете посета на изложбениот центар матка

Посетете нè и научете нешто ново од светот на електричната енергија. Центарот може да го посетат сите заинтересирани. Имате можност да закажете групна посета или пак да нè посетите во работното време на центарот. Ве очекуваме!