Uncategorized @mk

Поставка

Експонати

Во поставката на изложбаниот центар можат да се видат оригинални стари предмети, архивски материјали, филмови, фотографии, интервјуа, реални компоненти на електроенергетски сиситем како и уникатни едукативни експонати изработени специјално за центарот и наменети за учење преку интеракција.

Темите кои ги опфаќаат експонатите се:

Посетете го центарот и одблиску запознајте се со сите содржини на центарот!

Приказ на електро дистрибутивен систем

Откријте го патот на електричната енергија од моментот на производство сè до нејзината финална дестинација во нашите домови, во фабриките, болниците, училиштата….

Контролна соба

Од контролната соба вработените го надгледувале работењето на хидроцентралата. Сега и вие имате можност да ракувате со инструменти стари 80 години.

Диспечерска табла

Погледнете ја оригиналната диспечерска табла, која во старото Електростопанство се користела од 1974 година. Со воведувањето современи информатички технологии и дигитализација на мрежата во ЕВН, оваа табла останува потсетник на работата на диспечерите во минатото.

Светилки

Светилката е еден вид електричен уред што го користиме секојдневно. Како и другите уреди, некои светилки трошат помалку, а некои повеќе енергија. Знаете ли која светилка е најштедлива, а која троши најмногу? Пробајте сами да го пронајдете одговорот.

Фотоволтаици

Како сончевата енергија се претвора во електрична со помош на сончеви панели? Имаме мини подвижно сонце , па земете го и обидете се да произведете што повеќе енергија со него.

Ветерница

Ветрот е еден од обновливите извори на енергија. Дознајте како со помош на ветерниците, силата на ветрот можеме да ја користиме за создавање струја.

Ван де Граф

Како делува електрицитетот на најбиските објекти? Со Ван де Граф генераторот ќе ви помогнеме да дознаете без опасност вистински да ве „фати“ струја.

Плазма топка

Магични светлосни зраци преку стаклена топка ви ја допираат раката, а не знаете зошто? Посетете нè и откријте ги ефектите што плазма топката ги има врз човековото тело.

Историја

Во триесеттите години на минатиот век, на излезот од кањонот Матка е изградено вештачко езеро на реката Треска, со бетонска брана, за производство на електрична енергија. Градежните работи на браната започнале во 1935 година, а хидроцентралата започнала со работа во 1938 година со инсталиран капацитет од 4,2 MW.

Развој на центарот

На развојот на Изложбениот центар Матка му претходеше интензивна истражувачка работа, се користеа интернационални искуства и беа ангажирани различни експерти од повеќе полиња со цел овозможување на најдобро едукативно и забавно искуство на посетителите.Повеќе…