Почетна

Научете повеќе посетете го Изложбениот центар за електрична енергија – „Матка“

23.04.2024 – Сместен во автентичниот и оригинален простор на старата Хидроцентрала Матка, Изложбениот центар  „Матка“ ја раскажува историјата на електричната енергија во Македонија, како и промените што настанале со процесот на електрификацијата. Истовремено, преку иновативен мултимедијален пристап, експонатите во Изложбениот центар „Матка“ нудат уникатна можност за едукација и интеракција.

Повеќе…

Одбележување на денот на Тесла

На 10 јули го одбележавме роденденот на големиот Никола Тесла на начин кој веруваме дека и тој би го одобрил – со учење и креирање. Нè посетија вкупно 220 гости, од нив 135 деца кои учествуваа во креативните работилници.

Повеќе…

Ден на Тесла

Ве известуваме дека капацитетот за посетители и учесници на одбележувањето на „Денот на Тесла“ е пополнет.

Повеќе…

Соопштение – Матка е добитник на наградата „Музеј на годината“

Скопје, 18.05.2018 – Изложбениот центар Матка е добитник на наградата „Музеј на годината“ која ја доделува ICOM (International Council of Museums) – Македонија. Наградата се доделува по повод 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите за особени достигнувања во музејската дејност за 2017 година.

Повеќе…

За центарот

Изложбениот центар Матка е едиствен едукативен центар во Македонија што се бави со енергетски теми. Во него посетителите преку современи интерактивни методи може да научат повеќе за енергијата, нејзината историја, производство, пренос и користење.

Повеќе…

Енергетска ефикасност

За да се произведе електрична енергија, се трошат многу природни ресурси, па затоа од исклучително значење е рационалното користење на електричната енергија или енергетската ефикасност.

Повеќе…

Настан на месецот

Со особена чест и радост се приклучивме во одбележувањето на светски познатата хуманитарна иницијатива “Pay it forward” (Продолжи понатаму).
На 28.04 – Сабота во Градскиот парк (Скопје) на „Школка“ со сите кои правеа и сакаат да прават добри дела, без да добијат нешто за возврат 😉

Повеќе…